Права

Заштита на лични податоци

АС Креатива 2020 ДООЕЛ Охрид како генерален увозник и дистрибутер на Jana nails  за Македонија се обврзува да обезбеди заштита на личните податоци на клиентите, со собирање само на потребните, основни информации за клиентите/корисниците кои се неопходни за исполнување на нашите обврски; ги информира клиентите за тоа како да ги користат собраните податоци, редовно им дава на клиентите избор за употребата на нивните податоци, вклучувајќи ја и можноста да одлучат дали да го отстранат своето име или не од списоците што се користат за маркетинг кампањи. Сите кориснички податоци строго се чуваат и се достапни само за вработените и трети лица на кои им се потребни овие податоци за да ја завршат својата работа. Сите вработени во Jana nails Macedonia и деловните партнери се одговорни за почитување на принципите на приватност.

Услови и правила на купување

  1. Како да нарачам? Нарачките се прават на самата веб страна, така што ќе додавате производи во кошничката, а потоа ја завршувате нарачката со пополнување на Ваши податоци.
  2. Како да платам? Плаќањето се врши при подигање на пратката од курирот на Карго Експерс. ЗА НАРАЧУВАЊЕ ОД ВЕБ СТРАНАТЕ НЕМАТЕ НИКАКВИ ТРОШОЦИ! Чувствувајте се слободно да ја довршите нарачката до крај. На тој начин ние ќе добиеме комплетна нарачка која ќе можеме во најбрз временски период да ја подготвиме и да Ви ја испратиме.
  3. Како и за колку време ќе ја добијам нарачката? По добиената нарачка, потребни се 2-3 работни дена за истата да Ви биде доставена преку КАРГО ЕКСПРЕС. Постојат два начини за подигнување на пратката.. да ја подигнете сами од базата на Карго Експрес во Вашиот град, или курирот да ја достави до Вашата адреса. **При нарачување, Ве молиме назначете на кој начин Ви одговара.
  4. Колку ќе ме чини доставата? Цените за достава се одредени од Карго Експрес, во зависност од нивниот ценовник. За нарачки над 4000 денари, доставата е на наш трошок.

Политика на замена/враќање на производ

Потрошувачот правото за замена односно враќање на производ може да го оствари во рок од 15 дена сметано од денот на подигање т.е. достава на производот. За остварување на правото за замена односно враќање на производ важат следните законски услови:
  • производот не бил употребуван;
  • сочувани се: изгледот, употребните својства и етикети на производот;
  • при поднесување на барање за замена односно враќање на производ задолжително се приложува фискалната сметка или сметкопотврдата и целокупната друга пропратна документација која на потрошувачот му била издаденa заедно со производот.
  • По истекот на рокот од 15 дена од денот на подигање т.е. достава на производот, потрошувачот го губи правото на замена, односно враќање на производ по овој основ. Сите поднесени Барањата за замена, односно враќање на производ, сметано од 16-тиот ден од денот кога производот е примен од потрошувачот, ќе бидат негативно одговорени.

Општи правила и услови

Како би ги задоволиле Вашите потреби и барања, Jana nails Macedonia ќе се залага за достапност на својата интернет страна www.jananails.mk  24 часа во денот. Во случај на привремена недостапност односно прекин на интернет страната поради технички или надворешни влијанија надвор од контролата на Jana nails Macedonia, не превземаме никаква одговорност и не гарантираме постојан пристап. Сите податоци и информации објавени на интернет страната на Jana nails Macedonia се од информативен карактер и за истите Jana nails Macedonia го задржува правото за промена и менување во зависност од условите и потребите. Како резултат на специфичноста на медиумот “интернет“, доколку поинаку не е предвидено согласно позитивните прописи во Р. Северна Македонија,  Jana nails Macedonia не превзема одговорност за точноста и веродостојноста на објавените информации и документи.